League of Legends: Wild Rift за мобилни телефони започна со регистрација

LoL

League of Legends: Wild Rift го доби првиот целосен гејмлеј на играта со кој ги покани сите играчи да се регистрираат за да искусат играње на познатата MOBA на мобилни телефони.

Watch The 'League Of Legends: Wild Rift' Gameplay Reveal

Пред една година, Riot Games објави дури седум нови игри по повод десетгодишнината од League of Legends. Меѓу нив имаше и верзии на League of Legends за мобилни уреди и конзоли. League of Legends: Wild Rift ќе биде прилагоден на споменатите платформи и беше речено дека ќе ja играме подоцна оваа година.

Играта е направена од почеток и ќе добие малку поинаков приказ на херои и мапи, но е повторно доволно верна на веќе препознатливата титула на MOBA. Riot одлучи да објави преглед на играта за мобилната верзија на LoL и објави дека сите играчи можат да се пререгистрираат доколку сакаат да бидат меѓу првите што ќе го искусат споменатото издание. Може да се најде на уреди со Android и iOS.

Официјалниот датум на објавување е сè уште непознат, но познато е дека играта наскоро ќе влезе во отворено бета тестирање. Вести за верзијата на конзолата на Leauge of Legends: Wild Rift би требало да пристигнат наскоро.