Легендарниот Redeye ненадејно се повлекува од еспорт сцената

Redeye

Пол Redeye Чалонер, еден од основачите на светската еспорт сцена и еден од највлијателните и најпрепознатливи лица во еспортот воопшто, како и идол на голем број генерации на турнирски водители и коментатори, ја најави својата ненадејна пензија. Оваа одлука доаѓа по неколкуте обвинувања за проблеми со темпераментот и злоупотреба на моќ зад сцените.

Redeye ја започна својата кариера во 2002 година, а неговото патешествие започна со Unreal Tournament. Сепак, неговото големо деби на светската сцена пристигна со Quake 3. За време на неговата речиси 20 години долга кариера, Redeye коментираше и беше домаќин на турнири како StarCraft, Counter-Strike и Dota 2. Тој се приклучи на Dota 2 сцената во 2014 година и кратко потоа стана stage host на The International, а таа позиција ја имаше четири години. Тој беше домаќин и водител на повеќе од 30 Dota 2 турнири во последните неколку години. Покрај неговата постојана работа зад сцените и постојаните напори да ја подигне еспорт емитувачката продукција, Redeye исто така е човек кој најсилно се бореше за стандардизација за името на индустријата и од e-Sports/E-Sports и сите слични варијации, денеска имаме Esports благодарение на него.

Претходно годинава тој ја издаде својата книга наречена „This Is Esports (and how to spell it)“, каде воглавно ја покрива областа за емитување на еспорт настаните.

Вмешувањето на неговиот приватен живот предизвика неочекуван крај на кариерата

Долгата еспорт кариера на Redeye доаѓа до неочекуван крај. Причина за тоа е големиот број поранешни вработени лица во неговата компанија и колеги кои истапија со обвинувања за неговото однесување зад сцените. Обвинет за тоа дека е безмилосен, груб и немилосрден шеф. Но, исто така и личност која не се двоуми дури ниту да удри некој од своите вработени и некој кој си држи ексклузивно право во кастингот на радиодифузната еспорт сцена. Овие обвинувања изложија настани од минатото од неговиот приватен живот.

Целосните документи со обвинувањата против Redeye беа објавени во два дела од страна на CS:GO коментаторот и водител Џејмс Бенкс.

Redeye се обиде да се одбрани веднаш по објавувањето на првиот документ. Сепак, кратко потоа ја најави својата пензија кога скандалот допре и до неговиот приватен живот.

48-годишниот ги нарече обвинувањата како „мешавина на полувистини“. Како што вели, со нив ќе можел да се соочи се додека неговите деца не биле вмешани во целата ситуација. Тој истакна дека додека неговата ментална состојба веќе била во лоша состојба поради карантинот. Последните обвинувања, како што вели, го натерале да дојде блиску до тоа „да си го одземе животот“. Тој додаде дека заминувањето во пензија е единствениот начин да „преживее“.

Пред да стави крај на поглавјето од својата 18-годишна кариера во еспортот, Redeye јавно се извини на сите оние на кои им згрешил во минатото.

„Сакам да им понудам извинување на сите оние кои не сум ги третирал како што треба во минатото. Никогаш не сум имал намера да ве вознемирам и се надевам дека ќе имате долги и успешни кариери.