Легендата си заминува, Uzi поради здравствени проблеми ја заврши кариерата

Uzi

Откако Royal never Give Up го објави составот на екипата за 2020 летната сезона во која не беше дел и Uzi беше јасно дека ѕвездата на кинеската LoL сцена најверојатно ќе замине во пензија, откако веќе ја пропушти пролетната сезона.

Иако има само 23 години, Uzi уште од 2012 година започна да ја гради својата кариера, за кратко време стана икона на LoL еспортот во Кина, кога секипата (Star Horn) Royal Club во два наврати стигна до финалето на Светското првенство.

Но, славата, легендарниот статус и парите се само едната страна од медалот. Во периодот кога Uzi доминираше во LoL еспортот, тој се уште беше на почетокот и за играчите во тој период не се обрнуваше преголемо внимание, особено во Азија. Најдобрите играчи од Јужна Кореја и Кина константно тренираа под огромен притисок со цел да останат во вврна форма, а тоа значи и исклучително лош квалитет на живот, малку сон и нередовна и нездрава исхрана.

Токму сето ова доведе до ситуацијата на Uzi минатата година при рутински преглед да му биде констатиран тип 2 дијабетес. Паралелно со тоа, Uzi веќе неколку години се мачеше со болки во зглобовите, а проблемот со тежината влијаеше на тоа и самиот играч да се чувствува се полошо, како физички, така и психички. Поради ова, Uzi одлучил да сврти нов лист во својот живот, ја паузираше минатата сезона и се посвети на своето здравје, а по серијата консултации со докторите одлучил дека за него сепак најдобро е целосно да престане со играње.

Според многумина најдобриот ADC на сите времиња и вториот најдобар играч по Ли Faker Сангјеок, Uzi ќе остане меѓу останатото запаметен и како најдобриот играч кој никогаш не го подигнал трофејот наменет за светскиот првак. Uzi за само 14 дена дојде до 100 kill-ови во LPL лигата, во која стана првиот играч кој успеал да направи 1.000, 1.500, 2.000 и 2.500 kill-ови.

Колку е легендарен неговиот статус во Кина сведочи и фактот дека кон почетокот на оваа година го освои престижното признание на Weibo социјалната мрежа (кинескиот Twitter) како личност на годината во Кина, оставајќи зад себе славни музичари, актери и спортисти.

Во текот на својата осумгодишна играчка кариера Uzi во три наврати ја освојуваше LPL лигата, како и еден Mid-Season Invitational, додека во два наврати губеше во финалето на светскиот шампионат, еднаш против Faker и SKT T1, а вториот пат против екипата Samsung White.

Royal Never Give Up потврди дека Uzi ќе продолжи да добива поддршка од нив дури и по повлекувањето и дека ова не е крај на соработката меѓу екипата и славниот играч.