Lord of The Rings MMO играта на Amazon пристигнува во 2022?!

Lord of The Rings MMO

Бесплатната Lord of The Rings MMO игра заеднички развиена од страна на Athlon Games и Amazon, која ќе биде објавена од страна на Amazon надвор од Кина, по се изгледа пристигнува во 2022 година.

Athlon Games е дел од Leyou, компанија која неодамна беше купена од страна на Tencent, а документите од куповната процедура кои беа објавени, откриваат дека играта – заедно со останатите од Leyou – се „очекува да бидат лансирани од четвртиот квартал на 2021 до првиот квартал на 2023 година“. Во кратки црти, треба да ја очекуваме новата Lord of The Rings масивна multiplayer онлине игра да пристигне на PC во 2022 година.

Според некои информации, целата приказна во оваа Lord of the Rings масивна multiplayer онлајн игра (MMO) е сместена пред случувањата во книгите. Некои очекувања велат приказната би можела да се врти околу Angmar создадено од страна на господарот на Nazgul.

Во секој случај, ова не е нешто ново, особено околу тоа како ќе изгледа играта. Иако беше најавена дека е во изработка во 2018 година, а Amazon беше откриен како неименуваниот партнер на Athlon во 2019 година, тоа е се што знаеме во моментов за играта. Се уште немаме претстава каков ќе биде квалитетот на самата игра исто така, бидејќи ниту една од компаниите нема никакви споделени информации околу развојот на самиот наслов до денес. Во меѓувреме, веќе постоечката бесплатна Lord of The Rings Online ќе добие визуелен „редизајн“ во пресрет на престојната ТВ серија на Amazon за LOTR.