Мајкрософт ја објави цената за Xbox Series X

Xbox Series X

Како што претпоставувавме, по вчерашното откривање на конзолата Xbox Series S, не мораше долго да чекаме за Мајкрософт да ги открие останатите најважни информации кога станува збор за многу помоќниот Xbox Series X.

Сите претходни неофицијални информации беа точни, така што Xbox Series X исто така ќе се најде во продажба на 10 ноември, а ќе биде достапен за 499 долари.

Пред-нарачките ќе бидат достапни од 22 септември, но бидејќи тие важат само за региони каде што е официјално поддржан Xbox, сè уште останува прашањето кога ќе ги видиме овие конзоли кај нас.

Претпоставуваме дека Сони нема да биде далеку со откривањето на цената на нивната next-gen конзола!