Marvel’s Avengers игра: Се што треба да знаете

Marvel’s Avengers

Се што треба да знаете за Marvel’s Avengers играта вклучувајќи новости, релис дејт, трејлер, гејмплеј и повеќе!

Marvel уште во јануари 2017 ни соопшти дека потпиша повеќе-годишен договор со Square Enix. Тој договор влучува правење на игри, кои се базирани на најпопуларниот суперхеројски универзум. Првата игра која ќе ја добиеме се вика Marvel’s Avengers.

Според Marvel, играта ќе се базира на комплетно нова и оригинална приказна која ќе има универзум во кој играчите ќе може да играат со години. Овој проект ќе биде исполнет со околини, карактери и епик моменти кои ќе возбудат многу Марвел фанови.

Marvel ќе го продолжи својот тренд на најмување надобар талент за игри базирани на своите најпопуларни карактери. Играта Marvel’s Avengers е ќе биде направена од познатите Crystal Dynamics (Tomb Raider), со помош на Eidos Montreal (Deus Ex). Shaun Escayg, поранешен Naughty Dog creative director, и Stephen Barry,  27-годиншниот ветеран за игри од EA и Visceral Games, се вклучени во проектот на Crystal Dynamics како клучни улоги.

Ова е еден неверојатен тим. Заедно, тие ќе ни прикажат приказна во која Avengers се соочуваат со последиците од мисија која отишла во погрешен правец и резултирала во смрт на многу невини. До 4 играчи ќе може да се здружат онлајн и да ја искусат оваа еволвирачка игра која ќе содржи нови херои и нови мисии.

Еве што се друго знаеме за играта до сега:

Marvel’s Avengers датум на издавање

Marvel’s Avengers ќе може да се игра на PlayStation 4, Xbox One, PC, и Google Stadia на 4 септември. Играта исто ќе може да се игра на конзолите PlayStation 5 и Xbox Series X кога тие ќе бидат пуштени во продажба.

Marvel’s Avengers трејлер

Недалечниот Marvel’s Avengers лајвстрим ни донесе еден тон новости започнувајќи со овој трејлер.

Ова видео подетално ни ги покажува можностите за „играње“ со изгледот на карактерот.

Овој гејмплеј ни покажува скоро 8 минути акција што се фокусира на комбат абилитис на „Thor“

Marvel’s Avengers Game Карактери

Повеќето од групата на Авенџери кои ги знаете и сакате се присутрни и во оваа игра, како Iron Man, Captain America, Thor, Black Widow, иHulk. Hank Pym’s Ant-Man исто ќе се појави во играта. Зачудувачки карактерот што недостасуваше е Hawkeye, кој не се појави во ниту едно промотивно видео. Новиот херој што ќе се појави во играта е Kamala Khan aka Ms. Marvel!

Да ги погледнеме и „лошите“. Главен непријател на Авенџерите ќе бидат групата AIM која се состои од hi-tech роботи. Тие се појавуваат во време и свет каде што нашите херои не се добредојдени како што некогаш биле. Исто така очекувајте да го видите и Avengers непријателот Taskmaster кој е мастер-мајндот позади нападот на Сан Франциско што го гледаме во трејлерите. Хулк исто така ќе има шанса да се „проба“ против The Abomination во текот на играта.