Marvel’s Guardians of the Galaxy пристигнува, ќе има само single-player

Guardians of the Galaxy

По дебаклот кој го доживеа со Marvel’s Avengers, Square Enix презеде сосема поинаков пристап и направи пресврт со играта Marvel’s Guardians of the Galaxy, која ќе биде single-player авантура.

Издавачката куќа Square Enix најави уште една игра со супер херои од универзумот на Marvel. Она што во претходните денови се споменуваше тивко, сега е и официјално потврдено. Имено, Marvel’s Guardians of the Galaxy пристигнува на 26 октомври оваа година за PC, PlayStation 4 и 5 и Xbox One и Series X/S. Она што најмногу ги возбудува фановите на Marvel е фактот што Square Enix има сосема поинаков пристап со оваа игра отколку со Avengers, која доживеа фијаско.

Ова пред се значи дека Marvel’s Guardians of the Galaxy нема да има co-op ниту било какви други мултиплеер компоненти. Ќе претставува исклучиво single-player авантура со режирана приказна од почеток до крај. Исто така, нема да има ниту DLC пакети, ниту микротрансакции како во Avengers.

Инаку, играта ќе донесе акција од перспектива на трето лице, а за многумина можеби ќе биде спорно тоа што ќе можете да играте исклучиво како неформалниот водач на „Чуварите“ – Star-Lord. Најголемиот дел од играта ќе биде фокусиран на акција, но во стил на наративни авантури во одредени моменти ќе можеме да бираме меѓу два понудени плана кои ќе го променат пристапот кон предизвиците и задачите.

Играта ќе донесе приказна за штотуку оформената грпа на Guardians и ќе ги спротистави со некои нови негативци. Меѓутоа, тука е се најдат и некои легендарни ликови од Marvel. Star-Lord, Gamora, Drax, Rocket и Groot ќе бидат нешто поразлични отколку во филмот, а и гласовите ќе им бидат од други актери.