Масивната мапа за Far Cry 6 се појави онлајн, ќе биде најголемата во серијалот досега

Cry 6

Постои само една работа која сите фанови на open-world игри сакаат да ја знаат кога некоја таква игра ќе биде најавена – Колку е голема мапата? Ништо поразлично не е со фановите на Far Cry 6.

И додека Ubisoft допрва треба да ја потврди конкретната големина на фиктивниот остров во Far Cry 6, паблишерот најави дека станува збор за најголемата мапа досега во некоја Far Cry игра. Секако, ова само дополнително ги направи фановите љубопитни да добијат некаква идеја за Yara. Она што е познато е дека мапата комбинира голема урбана средина со неколку помали села, џунгли и плажи. Но, останува прашањето колкава ќе биде површината за истражување. И се испоставува дека ќе има навистина доста.

Имено, Reddit корисникот guccitorial_gangulas успеа да улови скриншот кој ја прикажува мапата во Far Cry 6. Се појавија неколку „флешови“ од мапата во досегашните трејлери, но никој од нив не го прикажа комплетниот остров во детали. Како што можете да видите, оваа фотка ни дава одличен увид во тоа колку всушност е голем Far Cry 6 светот.

Самата мапа прикажува еден главен остров кој изгледа е сочинет од четири региони, а постои и еден помал остров кој сигурно ќе можеме да го истражуваме во некој момент од целата авантура.

Пак е тешко да се добие некакво чувство за точната големина на мапата, но оваа фотографија, како и деталите кои ги откри Ubisoft за најголемата FC мапа досега, сугерираат дека Yara ќе биде едно од најинтересните виртуелни игралишта досега. Во секој случај, повеќе информации со сигурност ќе дознаеме на 7 октомври за кога е најавена премиерата на играта.