МЕСА ги најави Summer Jam турнирите во CS:GO и FIFA 21

Summer Jam

Македонската еспорт асоцијација започнува со нова тура на турнири кои ќе се одржуваат ова лето под името MESA Summer Jam, а главните битки ќе се бијат во виртуелните светови на CS:GO и FIFA 21.

Од МЕСА најавуваат многу забава и интересно натпреварување со одлична конкуренција и врвни услови за сите пријавени натпреварувачи. Со оглед на искуството кое го имаат со организираните настани досега, немаме дилеми дека од Македонската еспорт асоцијација ќе понудат уште едно врвно доживување за македонските гејмери.

Кога станува збор околу пријавувањата, треба да се напомене дека истите се веќе започнати и ќе траат до овој викенд, поточно недела (27.06 до 20:00 часот). Сите оние кои сакаат да ги испробаат своите вештини и да се докажат против конкурентските тимови во CS:GO, ќе можат да се пријават на следниов ЛИНК, а оние кои се заинтересирани за малку фудбал и сакаат да ги покажат своите FIFA 21 квалитети тоа ќе можат да го направат на овој ЛИНК.

MESA Summer Jam настанот ќе се одржи во студиото на Infomedia во скопската населба Кисела Вода.

За повеќе информации следете ги социјалните мрежи на МЕСА.