МЕСФ ја бара најдобрата Dota 2 нација во Европа

The International

Европските квалификации за Светското првенство во 2020 година од страна на „Меѓународната федерација за еспорт“ (МЕСФ) се веднаш зад аголот. 16 екипи од цела Европа ќе се натпреваруваат од 21 до 22 ноември, а трите најдобри нации на крајот од битката ќе добијат пласман во Гран финалето на Светскиот шампионат МЕСФ, што ќе се одржи во Еилат, Израел.

Турнирот е поделен во три фази. Секој од тимовите учеснички се состои од пет играчи од иста нација. Прво, тимовите мораа да се натпреваруваат меѓу себе во националните квалификации. Најсилниот тим ќе заработи слот во регионалните квалификации. Најдобрите состави од регионалните квалификации тогаш ќе се пласираат во последниот предизвик, Големото финале.

Европските квалификации

Група A

  • Израел
  • Црна Гора
  • Србија
  • Австрија

Група Б

  • БиХ
  • Холандија
  • Финска
  • Словачка

Група Ц

  • Чешка
  • Белгија
  • Луксембург
  • Норвешка

Група Д

  • Македонија
  • Португалија
  • Турција
  • Шведска

Доколку сакате да ги гледате натпреварите од плејофот на 22 ноември, можете да се вклучите во службениот Twitch канал на МЕСФ. Герет Бејтсон и Доминик „Лакост“ Стипиќ ќе ги коментираат игрите. За повеќе информации во врска со квалификациите, преминете на официјалната страна на МЕСФ.

Македонскиот тим ќе се состои од:

  • Срѓан „Skrti“ Стојановиќ
  • Бобан „Beyond“Богдановски
  • Петар „BeastShaker“ Трајковиќ
  • Кристијан „little k“ Савески
  • Иван „CHIEF KICO“ Ѓорѓиоски