Microsoft ја претстави новата платформа Mesh која отвара безброј можности за VR

Mesh

Microsoft официјално ја претстави својата целосно нова платформа за идниот развој на проширената и мешана реалност наречена Mesh. Microsoft Mesh ќе им овозможи на корисниците во целост да ги искусат споделените виртуелни простори преку холограми, потенцијално трансформирајќи го начиот на кои ги извршуваме нашата далечинска работа и виртуелните состаноци.

На Microsoft Ignite, компанијата ја претстави својата визија за иднината на HoloLens 2 и уредите кои го наследуваат, каде што корисниците ќе имаат можност да ги „окупираат“ споделените виртуелни простори и да имаат интеракција со холограмите кои се постојани меѓу корисниците. Ова значи можност за додавање на некој предмет од вашата рака до онаа на другиот учесник, а тоа беше демонстрирано од страна на Џејмс Камерон (режисерот на Avatar) и коосновачот на Cirque du Soleil Ги Лалиберте.

Mesh делува како продолжение на работата која Microsoft ја направи со HoloLens 2, во обид да ги прошири колаборативните можности кои веќе се покажаа како корисни во голем број претприемнички апликации. Кога станува збор за игрите, сепак, се уште делува дека е во концептна фаза. Исто како и старото Minecraft HoloLens демо, Microsoft само на крајот се осврна на гејмингот со демо од Pokemon Go. Играта не работеше во вистинска смисла на зборот на HoloLens или Mesh, туку само ја презентираше идејата околу можноста за прошетка низ паркот, хранејќи го својот Pikachu и влегување во тренерски битки во споделената виртуелна околина.

HoloLens 2 останува скапа и исклучително специјализирана алатка која се продава исклучиво на компании, но Mesh дава ветување за тоа дека евентално ќе стане нов стандард во колаборативната работа од далечина и споделената забава. Ова не е нешто што Microsoft го претставува како конечен производ се уште, туку платформа за AR, VR и MR развој со цел индустријата да дојде чекор поблиску до мејнстрим уредите на корисниците.