Microsoft сака да ги купи WB Games студијата

WB Games

Минатиот месец, матичната компанија на Warner Bros. Interactive Entertainment (WB Games), AT&T, ги најави своите намери за да ги продаде гејминг дивизиите на Warner Media. Според најновите информации, Microsoft покажува сериозен интерес за да ги откупи WB Gаmes, а продажбата треба допрва да биде потврдена, пренесува The Information.

За оние кои не знаат, во 2018 година компанијата Time Warner ја купи корпорацијата AT&T и тоа доведе до големи долгови. Поради тоа, во AT&T настојуваат да се ослободат од сегментот кој не им е клучен во нивното работење, а меѓу нив се и студијата кои произведуваат видеоигри. За откуп на тие студија заинтересирани се повеќе компании како Microsoft, Electronic Arts, Activision и Take-Two се само дел од нив.

Microsoft секако има најголем капитал, односно куповна моќ, а тоа е особено интересно бидејќи за својата Xbox платформа би обезбедиле некои навистина интересни и вредни ексклузиви. Имено, во склоп на WB Gаmes се наоѓаат студија како Rocksteady, Monolith Productions, NetherRealm и TT Games. Некои од нив се заслужи за развојот на некои од најдобрите игри на WB Games, како што се Batman: Arkham Knight, Middle-earth: Shadow of War, Mortal Kombat 11, Harry Potter и многу други.

Иако засега не е познато колку AT&T е сериозен во намерата да ги продаде WB Games, продажбата би можела да достигне цена од 4 милијарди долари. Сепак, и покрај тоа што Microsoft би ги добил студијата кои стојат зад најпопуларните игри на WB Games, насловите како Batman и Lord of the Rings серијалот ќе останат во интелектуална сопственост на Warner Bros, но Microsoft би добил лиценца за понатамошен развој во рамки на WB Gаmes франшизата.