Misery и Pieliedie формираат нова екипа

Misery

По распуштањето на Dota 2 тимот на Cloud9 и секундарната постава на OG, многу играчи ги загубија своите работни места, дали заради лошите резултати, организациските техники или пандемијата COVID-19. Квалификациите за ОМЕГА лигата ни открија неочекувана комбинација на овие два тима.

Списокот на учесници на затворените квалификации за WePlay! турнирот и претстојната Dota 2 ОМЕГА лига, откри нов „скандинавски“ тим, составен од поранешни членови на бендот OG.Seed и Cloud9.

Составот на 5men

Оваа нова постава со едноставното име „5men“ ја сочинуваат Маркус „Аce“ Холгард, Расмус „Chessie“ Бломдин, Андреас Пер „Xibbe“ Рагнемалм, Расмус „MISERY“ Филипсен и Јохан „pieliedie“ Астром.

Сите овие се ветерани од сцената Дота 2, од кои Misery е дефинитивно најпозната. Тој се натпреваруваше на скоро секој Internation, и играше за некои од најсилните тимови како Team Secret, Evil Geniuses и Cloud9. Неговата најдобра поставеност сепак беше со аутсајдерите на Digital Chaos, каде заедно со македонскиот играч Мартин”Saksa” Саздов освои импресивно второ место на Светскиот шампионат во TI6.

За прв пат ќе имаме можност да го гледаме  турнирот ОМЕГА лига, каде екипите ќе се натпреваруваат за сума од 550 000 долари.