Мистериозниот League of Legends шампион Seraphine има свој Twitter профил

Seraphine

Деновиве, на Твитер се појави мистериозен акаунт, кој според шпекулациите би можела да припаѓа на најновиот шампион на League of Legends – Seraphine. За неа сè уште не се знае, освен дека таа треба да биде 152-от херој во играта.

Како и да е, знаеме дека Riot сака постепено да ги објавува своите херои преку разни интересни тизери. Сè уште не знаеме за овој вид промоција, но дефинитивно ни се допаѓа. Seraphine има акаунт на Twitter и Instagram, @seradotwav.

На социјалните медиуми, Серафин се опишува себеси како музичар и продуцент, која има големи соништа. Исто така, се совпаѓа со информациите дека магијата на 152-от херој ќе има врска со музиката.

Сите нејзини постови досега изгледаат како што замислувате дека некој сака да започне музичка кариера. За многу краток временски период, акаунтот собра 35.000 следбеници, што само го потврдува фактот дека не станува збор за лажен налог.