Мртвите играчи во Warzone се враќаат претворени во зомбиња, еве и како

зомбиња

Call of Duty: Warzone играчите ги пречека интересно изненадување, откако по елиминацијата се претвораат во зомбиња. Сето ова предизвика големо внимание, а постои и водич како да се стигне до „другата страна“ во Warzone и да се вратите како зомбиња кои ги демнеат противниците.

Имено, Shipwreck и Prison областите во Verdansk црвени опасни зони со нуклеарен симбол. Секако, како што ви налага и самиот инстинкт, игнорирајте ги трите огромни, универзални и повеќе од разбирливи знаци и продолжете кон зоната, која лесно е препознатлива. Ќе почнете да ја губите енергијата се додека не умрете. По ова, веднаш се раѓате како зомби.

Ова може да се случи само ако имате тим, бидејќи во соло немате можност да станете зомби. Освен тоа, имате само една можност да се претворите во „жив мртовец“ – доколку умрете како зомби, вашиот тим ќе мора да ве оживее како човек повторно.

Во секој случај, ова наиде на големо воодушевување во заедницата. Зомбињата не можат да добијат „демиџ“ со излегувањето надвор од кругот, па тимовите почнуваат да користат зомби играч како „супорт“ со цел да дојдат до победа.

Како што е веќе познато, Verdansk ќе биде срамнет со земја од нуклеарки во пресрет на следната сезона на battle royale играта, како последен потег за да се ослободи од зомби инвазијата. Настанот ќе се одржи на 21 април, а денес се појави и „одјавниот“ трејлер за втората сезона, со кој на еден начин се потврдуваат некои од претходните најави.