📽 Мултиплеерот за CoD: Vanguard би требало да биде најтактички досега

CoD: Vanguard

Activision и Sledgehammer Games премиерно го прикажаа мултиплеерот во CoD: Vanguard, а она што го ветија е навистина возбудливо. Неколку наврати Vanguard беше споредена со две години постарата Modern Warfare, каде најмногу ветува таканаречениот combat pacing. Во новата Call of Duty секоја мапа ќе можете да ја направите подеднакво динамична, бирајќи така при покренувањето на мечот еден од трите combat pacing начини – tactical, assault и blitz.

Во првото добивате класично Call of Duty искуство со 6v6 лобија, додека assault нуди распон од 20 до 28 играчи по меч, а ако сакате максимално хаотично Shipment искуство ќе си го изберете blitz каде по мапата ќе јуришаат и до 48 играчи. Вкупно не очекуваат 20 мапи при излегувањето, а самите мапи ќе бидат „реактивни“. Како што велат од Sledgehammer, мапата на крајот од мечот секој пат ќе личи на нешто друго, а тоа овозможува мноштво уништени ѕидови, врати и слично. Сето ова навистина добро изгледа во новиот трејлер кој сега конечно можеби ќе биде реален приказ на динамичноста од еден просечен CoD меч.

Од Modern Warfare се враќа и gunsmith во кој на оружјето ќе можете да ставите и до десет додатоци. Тоа доведува и до тврдењата на студиото според кое CoD: Vanguard би требало да биде најтактичниот Call of Duty досега.

Дел од презентацијата помина и на опишување како секој оперативец во играта има своја позадинска приказна која се надополнува од кампањата. Секој оперативец ќе има свое преферирано оружје кое ако се корисити со конкретниот оперативец остварува дополнителни бонуси.