Na’Vi 2020 против NAVI 2010 во Zoomers vs Boomers CS:GO спектакл

Na'Vi

Zoomers vs Boomers е името на престојниот егзибициски меч кој го најавува Na’Vi. Овој меч ќе претставува вистински спектакл во кој актуелната Na’Vi постава ќе се соочи со составот кој „палеше и гасеше“ во 2010 година. Овој меч е закажан за 1 август, а Maincast ќе го пренесува настанот. Серијалот ќе комбинира микс на 1.6 и CS:GO мапи.

За оние кои не знаат, составот од 2010 година на Na’Vi доминираше на Counter-Strike 1.6 сцената за време на нивниот „мандат“, но еспорт светот оттогаш се промени и сега ова е нова игра каде што младите момци како Александр s1mple Костилев покажува вештини какви што светот никогаш претходно нема видено.

Во 2010 Na’Vi, или NAVI, како што беа познати во тоа време, успеа да освои голем број титули и настани вклучително и IEM IV World Championship, ESWC, WCG и DreamHack Winter, што му овозможи на Јегор markeloff Маркелов да ја освои титулата за најдобар играч во светот во 2010 година.

Двајца членови на таа постава од 2010 година од прва рака сведочеа неодамна откако Данило Zeus Тесленко и Јоан Edward Сукхариев играа заедно со s1mple. И додека Zeus се пензионираше минатата година, Edward и Сергеј starix Исчук се уште активно се натпреваруваат. Без разлика на се, ова треба да биде навистина интересна серија која ќе предизвика носталгија кај големиот број фанови на Natus Vincere.

NAVI 2010

Данило Zeus Тесленко
Сергеј starix Исчук
Јегор markeloff Маркелов
Јоан Edward Сукхариев
Арсениј ceh9 Триноженко

Na’Vi 2020

Кирил BoombI4 Микхаилов
Егор flamie Василјев
Александр s1mple Костилев
Денис electronic Шарипов
Илија Perfecto Залутскиј.