Наградниот буџет за The International 10 надмина 30,000,000 долари

Наградниот буџет

The International 2019 имаше награден буџет од 34,330,068 долари 111 дена по објавувањето на Dota 2 Battle Pass, а оваа година после само 61 ден сме веднаш позади него. Моментално наградниот буџет за оваа година изнесува 30,000,000 долари.

Минатата година, на наградниот буџет му  требаа 74 дена за да достигне бројка од 30,000,000 долари. Тогаш ова темпо на собирање пари се чинеше многу брзо, во споредба со минатите години. Оваа година го сруши тој рекорд за скоро 2 недели побрзо.

Овој рекорд пристигна брзо откако Valve го објави The Immortal Treasure II. Додека новиот Treasure не ги зголеми продажбите за многу, сепак е добар додаток за оние кои веќе имаа ставено пари за Battle Pass левелите.

Со уште 4,000,000 долари за да го стигне неговиот предок, а сеуште не се излезени Windranger Arcana и Immortal Treasure III, многу е веројатно сегашниот награден буџет да го надмине предходниот за многу повеќе од што очекуваме.

Постои голема шанса Valve да спрема големо изненадување за нас, иако немаме ни мала претстава што тоа може да биде. Се надеваме дека ќе биде нешто големо, со оглед на тоа што TI10 најверојатно нема да се одржи годинава. Додека чекаме за повеќе информации за престижниот евент, можеме да уживаме во турнирите OGA Dota Pit кој започна денес на 27 јули и Omega лигата која ќе започне веднаш по OGA.