Најавена е нова PlayerUnknown’s Battle Ground игра – PUBG: New State

PUBG: New State

Неодамна сопствениците на PUBG најавија дека ќе направат уште неколку PlayerUnknown’s Battle Ground наслови, а размислуваат и за анимирана серија на оваа тема. По кратко време, пристигна и првата таква игра, откако е најавена PUBG: New State.

PUBG продолжува со силно темпо, барем кога станува збор за мобилните уреди, со оглед на тоа дека оваа игра нема да се игра на PC или на конзоли. Krafton и PUBG Studio ја најавија оваа игра, која и понатаму останува battle royale, но која е изградена од „нула“ специјално за мобилните уреди. Тематски, играта е поставена во 2051 година, односно неколку години по оригиналниот PUBG. Засега нема точен датум на излегување, но потврдено е дека ќе пристигне оваа година.

На развојот на New State работи екипата која го разви PUBG Mobile, односно проектот не е отстапен на некоја third-party компанија. Се најавува едноставен гејмплеј, кој е лесен за учење, но тешко за мајсторски да се владее со истиот. Кога станува збор за графиката, новата игра ќе биде многу понапредна од минатата верзија.

Повеќе детали можете да видите во видеото кое е во прилог.