Најавена е спектакуларната Forza Horizon 5, пристигнува оваа есен

Forza Horizon 5

Microsoft и Playground Games го потврдија за време на Е3 2021 презентацијата она што веќе некое време го знаевме – Forza Horizon 5 е реалност, ќе биде сместена во Mexico и пристигнува веќе оваа година.

Со навистина спектакуларниот трејлер и подеднакво спектакуларната гејмплеј демонстрација, дознавме дека во петтото издание од серијалот не очекува најголемиот и најразноликиот отворен свет досега, препонл со активности, а како шлаг на тортата, тука е и доста импресивната социјална компонента која играњето во друштво би требало да го направи врвно искуство.

Играта е најавена за Xbox Series X/S, Xbox One и PC, а во продажба и на претплата пристигнува од 9 ноември оваа година. Forza Horizon 5 со себе носи кампања со ликови и го репризира составот на годишното доба од „четворката“, само на целосно нова територија. Сега ќе возиме по пустини, џунгли, кањони и вулкани прекриени со снег, меѓу древни рушевини и чисти плажи.

Новост во серијалот ќе биде можноста за креирање и споделување на евенти кои ќе вклучуваат несекојдневни задачи како „куглање“ со автомобили. Во понудата не очекуваат најмодерните автомобили, почнувајќи од Mercedes-AMG Project ONE прототипот кој достигнува максимална брзина од 350 километри на час.

Иако играта излегува и за старите конзоли, графички ќе го искористи хардверот на новата генерација на Xbox со цел да достави речиси фотореалистична графика. Најголемиот напредок ќе доживеат рефлексиите и осветлувањето на автомобилите за кои ќе се користат raytracing техники.