Најавена нова аниме серија за Dota 2, пристигнува наскоро на Netflix

Dota аниме

Стриминг платформата Netflix и гејминг гигантот Valve ја изненадија целата јавност со најавата на нова аниме серија базирана на Dota франшизата. Двете компании преку своите Twitter профили ја најавија новата серија, а лансирањето е закажано за 25 март.

Оригиналниот наслов на новата серија е DOTA: Dragon’s Blood. Серијалот ќе има 8 епизоди и ќе биде направена во класичен аниме стил. Покрај соопштенијата на Valve и Netflix на Twitter, нема многу дополнителни информации, но од она што може да се види во трејлерот, се чини дека една од главните улоги ќе ги има Dragon Knight. Исто така, може да се забележи и Mirana, уште еден Dota 2 херој.

Се уште не е познато каква приказна не очекува, но од Valve најавија уште неколку трејлери во пресрет на официјалната премиера, така што во следните недели треба да дознаеме нешто повеќе. Како најава за премиерата, Netflix ќе објави уште два трејлери – првиот е најавен за во петок (19 февруари), а следниот за 1 март.

За разлика од некои други аниме серии на Netflix, оваа немаше претходна најава, а ќе биде интересно да се види како оваа Dota серија ќе се справи со најавеното аниме за League of Legends, Arcane. Серијалот е дело на Studio MIR, корејско студио кое работеше на The Legend of Korra, Young Justice: Outsiders и Voltron: Legendary Defender.