Најавени се E3 Awards, откриен и датумот на одржувањето

E3 Awards

Иако наградите во минатото беа дел од E3 саемот, неговото годинешно издание наречено E3 Awards Show ќе стави голем акцент на овој вид награди. На тој начин денеска е откриено дека Асоцијацијата за забавен софтвер (ESA) планира да одржи свеченост посветена на оваа прослава за време на последниот ден.

E3 Awards Show ќе се одржи на 15 јуни. Оваа церемонија е фокусирана на „најочекуваните“ игри од E3 2021 саемот, вклучително вклупниот победник од сите наслови прикажани во текот на прославата, како и најочекуваните игри од секој од програмерите и издавачите кои учествуваат.

Победниците ќе бидат избрани од уредниците на угледните гејмерски медиуми, а Стенли Пјер-Луи, претседателот и извршен директор на ESA вели:

„За годинешниот настан соработуваме со уредниците на некои од водечктие светски медиуми за видео игри со цел да создадеме официјална награда на Е3 2021, која ги препознава најисчекуваните игри на тој настан. Емитувањето ќе биде преполно со возбудливи најави и откритија, а славењето на иновативните издавачи и програмери е идеален начин за затворање на E3 2021.

Саемот E3 2021 ќе се одржи меѓу 12 и 15 јуни оваа година.