Најдобрите еспорт играчи заработуваат просечна американска плата за само шест дена!

еспорт играчи

Постојат многумина кои се добри во играњето видеоигри, а постојат и такви кои се навистина ДОБРИ во тоа. Професионалните еспорт играчи дефинитивно се тие вторите. Брзина на реакциите, тактичко знаење, посветеност и што ли уште не се само дел од клучнтие работи кои се потребни за да се стане еден од најдобрите играчи на планетата, а сето тоа води до некои неверојатни приходи. Според информациите, шесте најдобро платени еспорт играчи во светот за 2019 година заработиле еквивалент на просечна американска плата во само шест дена!

Студијата направена од страна на Fandom Spot покажува дека просечната американска плата е околу 50.000 долари, односно 49.764 долари за 2019 година. Ако направите просек од годишните приходи на врвните еспорт играчи излегува дека, во теорија, им требаат шест дена за да ја заработат оваа сума на пари!

Dota 2 играчите со најголема заработувачка

Овие топ шест играчи не ги добиваат овие плати туку така, ова се награди. Најдобрите пет заработувачи од 2019 година сите играат за Dota 2 тимот на OG кој го освои The International. TI е познат по тоа што ги има највисоките награди во било кој еспорт настан на светот, што е момент за гордост на Valve и целата Dota 2 заедница. Наградниот фонд се зголемува од година во година, а најголемиот полнач на буџетот за TI10 е принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман бин Абдулазиз ал Сауд кој потрошил повеќе од 40.000 долари за battle pass.

За секој турнир наградниот фонд се создава од тоа што целата заедница купува левели преку battle pass. Во 2019 година масивниот награден фонд изнесувал над 34 милиони долари. Ако мислите дека ова е многу, тогаш за TI10 кој требаше да се одржи годинава, но е одложен за 2021 има собрано над 40 милиони долари. Па, сега веројатно разбирате зошто пет играчи на Dota 2 можат да ја завршат годината со толкав приход, односно со три милиони по човек.

Шестиот еспорт играч кој успеал да заработи просечна американска плата во шест дена е Кајл Bugha Гирсдорф кој е дел од Fortnite сцената. Bugha го освои Fortnite Светското првенство на само 16 години што му овозможи да си заработи „ладни“ три милиони од турнирот.