Најголемиот стример на Twitch баниран поради Stream sniping

Twitch стример

Felix Lengyel, познат како xQc на Twitch, си доби привремен бан од Twitch и Twitch Rivals за прекршување на кодексот на однесување на платформата. Поранешниот професионален Overwatch играч поради „стрим снајпаше“ играчи во живо, по што Twitch мораше да реагира против ваквиот тип на однесување и го банираше познатиот стример.

Stream Sniping е израз кога луѓе намерно кога некој намерно го чека стримерот да почне да бара меч, за и тој во исто време да почне да го прави тоа со надеж да се падне да игра заедно со него. Поради природата на стримањето, доколку стримерот нема delay на неговиот канал, „стрим снајперот“ ќе го трола стримерот и ќе проба на секаков нефер начин да му ја саботира играта. Ова е огромен проблем во игри како Valorant, Hearthstone, Call of Duty Warzone па затоа е уште толку почудно што xQc го направи ова на негивот стрим. Ова е против правилата на Twitch дури и да мислите дека ова е само шега.

xQc се извини за својата постапка

Сето ова се случи за време на GlitchCon – онлајн замената на Twitch за TwitchCon оваа година, каде што се одржуваше Twitch Rivals. Twitch Rivals е името за речиси секој турнир кој се одржува од страна на Twitch, а овој пат беше базиран околу Fall Guys. xQc и неговиот тим намерно ја саботираа играта на Dr Lupo, Tyler 1 и Shroud. Со тоа, тој учествуваше во „стрим снајпинг“ и Twitch го банираше.

Платформата се огласи и преку Twitter каде имаше долго објаснување на правилата на Twitch кои познатиот стример xQc ги прекрши и што истите значат.

xQc се извини за своите постапки. „Престанете да ме браните без причина. Влеговме во финалната игра со тимот на Dr Lupo и Shroud. Не требаше да го направиме тоа и погрешивме. Жалам за моите постапки. Мислев дека ќе биде смешно. Не го промени исходот, но сепак не беше во ред. Извинете“. Во следниот твит тој објасни дека банот ќе трае седум дена.