Најголемите гејминг вести во 2020: Одложувања, скандали, next-gen конзоли…

гејминг

2020 година во светот на видео игрите беше мошне значајна. Ubisoft беше прозван поради сексуални скандали, Ковид-19 пандемијата го промени начинот на кои игрите се правени и доведе до откажувања и одложувања на големи гејминг и еспорт настани.

2020 исто така беше одбележана од лансирањето на најновата генерација на конзоли – PlayStation 5 и Xbox Series X/S, а политичарите ги користеа игрите на нов начин за да ја испратат својата порака и да ги охрабрат луѓето да гласаат на американските претседателски избори. Ова се само дел од најзначајните наслови во 2020. Во овој осврт, ќе се насочиме кон селекција на најгилемите вести од гејминг индустријата годинава.

Covid-19 и влијанието врз гејмингот

Една од најголемите вести во светот на гејмингот, но и воопшто, беше Ковид-19. Глобалната здравствена криза беше и останува огромен предизвик кој го фрли светот во една нова перспектива. Ова влијаеше врз бизнисот со видео игри на повеќе начини.

Еден од нив беше начинот на кој беше принудено откажувањето, или резултираше со огромни промени, на неколку големи настани за видео игри. Голем број еспорт настани исто така беа откажани или одржани онлајн, а големите манифестации на кои големите корпорации ги претставуваат своите нови производи беа одржувани преку видео стрим.

Голем број одложувања

Поврзано со влијанието на Ковид-19 и голем број други неповрзани причини, годинава имавме одложувања на големи и мали проекти. Веројатно најголемото одложување беше она на Halo Infinite, кој требаше да биде launch наслов за Xbox Series X/S, пред Microsoft да го одложи за 2021 година.

Друг голем наслов кој имаше одложување е Cyberpunk 2077, долгоочекуваната RPG игра од креаторите на The Witcher серијалот. Последното одложување доведе до тоа играта да биде лансирана на 10 декември, што беше капка која ја прелеа чашата, со оглед на тоа дека концептниот тизер беше прикажан уште во 2012 година.

Со одложувања се соочија и The Last of Us Part II (од мај во јуни), Ghost of Tsushima (од јуни во јули) и No More Heroes (од 2020 во 2021). Far Cry 6 и Rainbow Six Quarantine исто така се одложени на неодреден период.

PlayStation 5 и Xbox Series X

Лансирањето на новите конзоли доаѓа еднаш на секој седум или осум години, а и покрај проблемите со Ковид-19, Microsoft и Sony се фатија во костец со проблемите и ги лансираа своите next-gen конзоли. 2020 беше одбележана со наслови поврзани токму со PlayStation 5 и Xbox Series X.

Microsoft го откупи ZeniMax

Во откомври, од нигде никаде, Microsoft ја најави својата намера да го купи ZeniMax, матичната компанија на славниот паблишер Bethesda Softworks, id Software и Bethesda Game Studios, гејм дивелопмент тимот зад Elder Scrolls и Fallout франшизата.

Epic против Apple

Независниот гејм дивелопер Epic, студиото зад неверојатно популарната battle royale игра Fortnite, влезе во битка со Apple во 2020 година поради платформни отштети, а резултатите веќе почнаа да ја обликуваат индустријата и имаа импакт на тоа колку пари заработуваат студијата кои продаваат игри на iOS.

Секс скандалот во Ubisoft

Во текот на летото се појавија голем број извештаи и приказни околу злоставување во редовите на еден од најголемите паблишери во гејмингот, Ubisoft. Извештаите на Bloomberg и останатите медиуми отворија прашање за злоупотреба и вознемирување во компанијата.

Основање на gamer.mk (сами ако не се пофалиме, нема кој)

Со сигурност не е голема вест за светот на гејмингот, но за наши, регионални услови пристигнувањето на gamer.mk на медиумската сцена во Македонија како единствен портал кој ги покрива гејминг и еспорт темите, некогаш и забавата, навистина е голема работа. Gamer.mk во 2021 пристигнува посилен и со многу големи и амбициозни планови, а за тоа повеќе ќе дознаете во новата година.

Останати големи гејминг вести во 2020:

-Call of Duty: Black Ops Cold War
-Amazon го најави новиот гејм стриминг сервис, Luna
-Гејм стриминг платформата на Microsoft, xCloud, официјално е лансирана
-Сопственикот на Rockstar Games, Take-Two Interactive го откупи Codemasters за речиси 1 милијарда долари
-CD Projekt RED се соочи со огромен скандал поради Cyberpunk 2077
-И покрај шпекулациите за GTA 6, GTA 5 пристигнува на PS5 и XSX.