Најновите Dota 2 трансфери: No[o]ne, Ramzes666 и W33

Како што се приближува втората сезона од DPC 2021, очекувавме и гледаме многу промени во тимовите. Еве некои од најпознатите Dota 2 трансфери.

Познатата украинска спортска организација Na’Vi направи неочекувана промена во Dota 2 составот, непосредно пред почетокот на втората DPC сезона. Имено, организацијата потврди дека младиот ветеран од сцената на ЗНД, Роман „Ramzes666“ Кушнарев, ќе го замени офлејнерот Виктор „Genelar“ Нигрини.

Сегашниот Na’Vi состав изгледа вака:

  • ua Alik “V-Tune” Vorobey
  • ua Bogdan “Iceberg” Vasilenko
  • ru Roman “RAMZES666” Kushnarev
  • ru Vladimir “RodjER” Nikogosyan
  • ua Andrii “ALWAYSWANNAFLY” Bondarenko
  • ua Andrey “Mag” Chipenko (coach)
  • ua Sergey “AnahRoniX” Bikovskiy (manager)

No[o]ne во AS Monaco Gambit

Еден од најпознатите мид-лејнери во ЗНД, Владимир „No[o]ne“ Миненко официјално потпиша за тимот со кој се натпреваруваше на ONE Esports Singapore MajorAS Monaco Gambit или познат по неговото претходно име Gambit Esports. Со No[o]ne на мид и dream на ќери улогата, очекуваме овој тим да парира со најдобрите. Нивниот полн состав изгледа вака:

 

  • 1. dream` – Kiyalbek Tayirov
  • 2. No[o]ne – Vladimir Minenko
  • 3. Afterlife – Vasilii Shishkin
  • 4. Immersion – Aleksandr Khmelevskoi
  • 5. SoNNeikO Captain – Akbar Butaev

Nigma го „седна“ W33 на клупа

Очекуваното се случи. Тимот на Nigma не можеше да оствари никаков значаен успех и реши да направи промени. За жал, на многумина очигледната промена беше нивниот мид-лејнер Аливи”w33” Омар.

Тие денес на 6 април објавија дека w33 ќе биде тргнат од активниот состав и ќе биде нивни 6-ти играч. Исто така му се заблагодарија за неговиот придонес и труд за тимот и кажаа дека тој е слободен да ја гони секоја прилика која ќе сака.

Што да очекуваме?

Team Nigma и OG се моментално без 5-ти играч. Има шпекулации дека легендарниот Ana повторно ќе се врати во OG за да им помогне да искочат од оваа лоша форма и дека новиот мид-лејнер на Nigma ќе биде Sumail. Тимовите имаат до крајот на оваа недела да објават кои ќе бидат нивните нови играчи.

Следете не за повеќе информации.