Најплатените стримери на Twitch според најновите проценки

стримери Twitch

Twitch доминира во светот на гејминг контект креирањето. Сервисот за live streaming кој е во сопственост на Amazon стана подеднакво добар како и YouTube за откривање на гејминг контент, personalities и многу повеќе. Секако, голем дел од оние кои се обидуваат да стримаат, нема да бидат многу успешно, но постојат неколку талентирани индивидуалци кои се стримери на Twitch и кои можат да си заработат за живеачка од оваа платформа, но и да бидат прилично успешни во тоа.

SavingSpot направи едно истражување околу тоа кои се најуспешните стримери на Twitch кога станува збор за приходите. И излегоа со некои интересни статистики кои ни кажуваат нешто повеќе околу тоа какви перформанси имаат најголемите стримери на платформата.

Ако добро сте запознаени со Twitch, тогаш нема да ви биде изненадување што најголемиот заработувач е Феликс xQc Ленгјел. Станува збор за Канаѓанец кој е поранешен професионален Overwatch играч кој има масивна маса на следбеници од 4,1 милион луѓе. Според SavingSpot, тој заработува околу 1,984.001 долари годишно само од платформата.

Ник NickMercs Колшеф e на второто место со околу 1.727.535 долари годишно додека на третото место е шпанскиот стример Ибаи Љанос чиј ник е едноставно Ibai и заработува околу 1.373.605 долари годишно.

стримери Twitch

Девојките далеку зад машките

Кога станува збор за дамите, тука на врвот секако е Pokimane. Таа според извештајот заработува 550.060 долари годишно од стриминг, додека на второто место е Amouranth која заработува околу 384.599 долари. На третото место е LilyPichu која заедно со Pokimane е член на групата за контент креирање Offline TV. Lily наводно заработува 339.354 долари годишно.

Мора да се напомене дека иако овие бројки нема да бидат конечни кога станува збор за годишните заработки за овие стримери. Pokimane, на пример, е вклучена како креативен директор во Colak, моден бренд за гејмери креиран од Марк Markiplier Фишбах и Шон Jacksepticeye Меклафлин. Другите стримери имаат договори со брендовите кои спонзорираат стримање за свои цели како Raid: Shadow Legends, AimLabs и компании за достава на храна.

Деновиве најголемите имиња на Twitch имаат повеќе извори за приходи па овие листинзи не се ни приближно до конечно околу тоа колку стримерите заработуваат.