Најскапиот Xbox контролер е ремек дело од чисто злато

Xbox контролер

Xbox Series X контролерот исполнува голем број од побарувањата за една модерна конзола, но му недостасува еден важен елемент – не е направен од чисто злато. Шегата на страна, меѓутоа ваков контролер навистина постои. Имено, канадската компанија Expert Casting беше ангажирана од страна на Linus Tech Tips со цел да направи Xbox Series X контролер од чисто злато, чија цена изнесува вртоглави 87.500 долари.

По креирањето на калап во кој се истури 18-каратното злато, напорниот процес на полирање и внимателниот осврт на деталите од страна на мајсторите на Expert Casting, конечниот резултат е контролер кој тежи речиси два килограми. Целиот процес на создавање можете да го видите во двете видеа кои се поставени во прилог.

Околу тоа како Xbox Series X контролерот од чисто и полно злато работеше кога беше ставен на ултимативен тест при играње видео игри, извршниот директор на LTT Линус Себастијан во моментов работи на видео во кое ќе бидат споделени неговите и реакциите на остатокот од екипата која ќе го користи овој необичен контролер.

А, во случај златото да ве привлекува, погледнете го овој PlayStation 5 направен исто така од чисто и полно злато, а доколку сакате нешто пообично, тогаш Pulse Red контролерот е вистинскиот избор за вас.