Неколку совети за FIFA 20 кои ќе ве направат „ѕвер“ од играч

FIFA 20

FIFA 20 ги освои конзолите и компјутерите ширум светот, но постојат неколку детали кои остануваат непознаница дури и за најголемите фанови на оваа игра. Стручњаците велат дека EA Sports потфрлиле кога станува збор за контролата на насока на движење на играчите, но најновото издание носи побрзо темпо на игра, што не беше случај кај FIFA 19. EA големо внимание посвети на телесните детали на играчите, па FIFA 20 сепак ги оправдува очекувањата на обожавателите.

Во прилог следува листа со осум совети кои ќе ги унапредат вашите вештини за следниот пат кога ќе седнете на партија FIFA со вашите пријатели

1. Поседот е клучен

Брзината на движење и одењето на играчите не се толку важни како во претходните издание, а најважно е да воспоставите додавање на топката и што е можно подолго да ја чувате во свој посед. Задржете ја топката во свој посед, префрлете го тежиштето на игра кон средината на теренот и не се обидувајте често да создадете шанса со длабочински топки.

2. Времето за завршница и понатаму е важно

Овој детал е воведен во претходното издание на играта. Тенкиот правоаголник над главата на фудаблерот кој ја има топката станува зелен во идеалниот момент за удар. Огромна е веројатноста дека топката токму тогаш ќе заврши во мрежата. Секоја друга ситуација носи удари надвор од рамките на голот. Истото важи и за ударите со глава. Без оглед дали топката оди кон Ван Дајк или Меси се подготвува да ја испрати топката со глава во мрежата, ударот мора да биде упатен во вистински момент.

3. Истражувајте со различни формации

Пронаоѓањето на идеалната формација може да биде пресуден факт за победа. Ако распоредот на играчи на теренот одговара на вашиот стил на игра, тешко ќе воспоставите течно додавање. Ако сте љубител на 4-4-2 формацијата или сакате целосно напаѓачка игра, секоја формација дава резултати само ако одговара на избраните фудбалери и омилениот стил на игра.

4. Центаршут по земја е половина гол

Ниските топки кои доаѓаат од крилата ги создаваат најсериозните шанси за гол. Високите центаршутеви и играта со глава во FIFA носат помалку шанси. Острите топки кои минуваат низ шестнаесетникот и зад грбот на одбрамбениот играч се кобни за противникот.

5. Вежбајте слободни

Слободните удари во FIFA 20 носат неколку интересни опции. Можете да бирате дали ќе шутирате директно во гол, ќе додадете малку ефе или висока топка која паѓа на патот кон голот. Не очекувајте дека ќе погодувате веднаш, но со тек на време сигурно ќе станете подобри.

6. Кога ќе ја примите топката, не тргнувајте во спринт

Голем број играчи сакаат да ја користат брзината на напаѓачите во однос на противничкиот дефанзивец, но поради спринтот пропаѓаат големи шанси. Кога ќе ја примите топката, веднаш тргнете го прстот од копчето за брзо трчање. Одиграјте кратко додавање, сочувајте го поседот и чекајте некој од играчите во нападот да се отвори. Дури и кога играте со најголемите ѕвезди, не очекувајте дека противниците ќе ви сетргаат. Во ситуација кога играчот без чувар ќе тргне со топката кон голманот, спринтот е идеална опција за бегство од дефанзивците.

7. Дополнително менувајте ја вообичаената формација.

Иако изборот на совршена формација е клучен, мали модификации секако можат да ви помогнат да бидете уште подобри. Можете да го менувате дури и пристапот на играчите во текот на натпреварот – од ултра дефанзивен до целосно напаѓачки стил. Постои можност да ги расчепкате деталите кои се однесуваат на растојанието меѓу линиите на тимот и бројот на напаѓачи кои ќе чекаат центаршут во противничкиот шестнаесетник. Екипата автоматски може да ја промени формацијата зависно од посакуваниот стил на игра, така што во секој момент од натпреварите да имате соодветна тактика, пишува GamesRadar.

8. Не трошете вистински пари

Овој совет не се однесува на фудбалската игра, но може да биде клучен ако сакате успех во Ultimate Team. Не постои причина за трошење на вашите вистински пари. FIFA 20 преку Squad Building Challenge-ите нуди можност да заработите виртуелни пари повеќе од било кога. Отварајте ги бронзените и сребрените пакети, а потоа успешно решавајте ги предизвиците. Така се зголемува силата на тимот и индивидуалните вештини на играчите.

Се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат да ја унапредите играта и ќе ви ја вратат желбата да ја поиграте уште малку FIFA 20, пред да пристигне најновото издание на омилената игра од EA Sports.