Ninja објасни зошто избрал да се врати на Twitch наместо да се приклучи на Youtube

Ninja Twitch

Неколку месеци по затворањето на Mixer и очекуваната „војна“ за да се придобие еден од најпознатите ликови во гејмингот, Тајлер Ninja Блевинс открива зошто одлучил да се врати на Twitch, наместо за свој нов дом да го избере YouTube.

Ninja долго време е еден од најпрепознатливите ликови во гејминг индустријата. Како резултат на тоа, не е изненадување што секоја голема стриминг платформа се обидуваше да даде што е можно повисока понуда за да го придобие под себе.

Неколку месеци откако пропадна Mixer, следниот чекор на Ninja беше голема неизвесност. Еден мистериозен стрим на YouTube ги натера фановите да веруваат дека тој со тоа го откри својот нов дом, но сепак подоцнежниот договор со Twitch во целост го промени целиот наратив на приказната. Па, што се случи во целиот тој период на релативна тишина?

 

View this post on Instagram

 

🔴Live RIGHT NOW ON TWITCH. First time in over a year. Twitch.tv/ninja

A post shared by Tyler Blevins (@ninja) on


Едноставно, Ninja калкулирал со своите опции. Како што неговиот близок пријател Џек CouRage Данлоп се пресели на YouTube со цел да го „избегне притисокот“ на Subscriber системот на Twitch, Ninja беше на прагот да му се приклучи.

„Дали сериозно размислуваше да се преселиш на YouTube?“, го запраша контент креаторот за Fortnite, Лехлан Пауер за време на неодамнешната Duo сесија. „Навистина сериозно размислував“, одговори брзо Ninja. „Во тој момент беше еден вид на lifestyle работа“.

Без оглед на се, таа транзиција на стартот секогаш ќе биде супер тешка“, додаде тој. Без оглед на тоа каде заврши, тој знаеше дека ќе биде предизвикувачки по претсатвувањето на Mixer онолку долго. Сепак, неговите погледи цело време биле насочени кон Twitch.

Twitch стрима во моментов. Ако правам одлични работи за гејмингот и за стримингот, мислам дека ќе има поголем импакт ако е направено на Twitch“. Ова не значи дека неговото влијание ќе се намалеше ако се приклучеше на YouTube. Eдноставно, сето тоа пристигнува со еден поинаков ефект, смета Ninja.

„Кога некој ќе рече ‘ти си ми омилениот јутјубер’, речиси никој не мисли дека ти стримаш на YouTube. Тие мислат на твоите YouTube видеа. Тоа се вестите во глобала. Никој никогаш не прави извештаи за јутјубер како добива милиони гледачи во живо или како собира милиони долари за добротворни цели“, објаснува тој. „Но, кога некој како Пол Логан ќе за*бе работа, тогаш сите велат јутјуберите се вакви, јутјуберите се такви“.

И додека Twitch е домот за стримерите за очите на Ninja, работите секогаш би можеле да се променат со оглед на тоа дека YouTube продолжува да го еволуира својот стриминг сервис.