Ninja откри колку заработил во своите најдобри денови

Ninja Twitch

Познатиот стример и интернет личност, Тајлер Ninja Блевинс, конечно сподели детали околу заработувачката во вермето кога го достигнал врвот на својата експлозивна Fortnite кариера.

Иако свесно можевме да очекуваме некоја огромна сума на пари, сепак мора да се признае дека Ninja со овие детали ги изненади сите. Имено, големата Fortnite ѕвезда за само еден месец успеала да заработи повеќемилионска сума на пари, и тоа само преку својот промо код.

Не е тајна дека најпопуларните стримери на Twitch генерираат големи суми на пари. Голем дел од нив заработуваат стотици илјади долари месечно, со дополнителен хонорар од спонзорите и ексклузивните партнери. Меѓутоа, сите тие суми делуваат како ситница кога ќе се споредат со Ninja и неговата заработувачка.

По кратката пауза, Ninja минатата недела се врати на Fortnite, а за време на еден стрим разговараше и за својата богата кариера, која го достигна својот врв кон средината на 2018 година. Тој во оваа прилика откри дека заработил огромна сума на пари од својот Fortnite промо код.

„Мислам дека за еден месец од промо кодот најмногу сум заработил 5 милиони долари. Навистина, не се шегувам“, изјави Ninja.

Ако се направи една многу проста математика, со оглед на тоа дека играчите добиваат само 5 проценти заработувачка од своите промо кодови, се доаѓа до сознание дека Epic Games од овие продажби добил околу 100 милиони евра, што е навистина спектакуларна бројка.