Ninja, Shroud и други врвни стримери на Mixer сега можат повторно да се вратат на Twitch

Ninja,Shroud

Платформата за стриминг во сопственост на Microsoft официјално го соопшти својот крај.

The Verge имаше интервју со главниот на Microsoft за гејминг Фил Спенсер, кој изјави дека платформата ќе згасне на 22 јули. Компанијата сега се надева дека ќе успее да постигне договор за партнерство со Facebook Gaming. Веста потоа беше потврдена на Twitter од страна на Mixer.

Ова следува поради неуспехот на Microsoft да привлече доволно гледачи за да биде достојна конкуренција на Twitch и YouTube.

„Започнавме прилично далеку, кога станува збор за месечните активни гледачи на Mixer кои беа споредувани со тие на големите играчи. Мислам дек Mixer заедницата навистина ќе има корист од широката публика која Facebook ја има, како и способноста да допре до гејмерите на многу лесен начин преку социјалната платформа што ја има Facebook “, рече Спенсер.

Mixer официјално беше промовиран во 2016 година, при што Microsoft проба да влезе во стриминг индустријата. Mixer помина во голема мерка незабележана зад другите платформи на социјални медиуми, особено лидерот во индустријата Twitch.

„Microsoft“ направи сериозен притисок да се натпреварува со другите стриминг платформи во 2019 година, потпишувајќи ексклузивни договори за емитување со неколку истакнати стримери, особено Тајлер „Ninja“ Блевинс и Мајкл „Shroud“ Грузиек. Некои од овие зделки, наводно, вредиле десетици милиони долари.

Овој пристап никогаш не му се исплатеше на Mixer. По првичниот замав во популарноста по потпишувањето на Ninja, работите во голема мерка се вратија во нормала. И покрај тоа што стримањата на големите имиња привлече поголема публика од она што беше очекувано за Mixer, вкупната гледаност на страницата не скокна на посакуваното ниво, а уделот на Twitch во индустријата продолжи да расте и покрај тоа што загуби неколку големи имиња.

Бидејќи овој експеримент се покажа како неуспешен, Microsoft покажува бело знаме и крева раце од своите стриминг идеи.

Ninja и Shroud сега можат повторно да се вратат на Twitch

Што се однесува до врвните стримери на Mixer, Ninja и Shroud, нивната иднина е сосема нејасна бидејки тие беа ослободени од своите договори. Facebook се чини е задоволен од прекинот на договорите бидејки шефот на Facebook Gaming, Вивек Шарма, изјави од нив зависи каде ќе одат понатака.

Ниту еден од двајцата нема јасен пат за иднината, но двајцата веројатно ќе преговараат за нови договори во блиска иднина. Можно е едниот или обајцата да се вратат повторно на Twitch  кратко откако одлучија да си заминат.

Ninja преку својот Twitter профил објави дека во наредните денови ќе ја сподели одлуката со своите фанови.