NiP го преставија Cr1t како позајмен играч за претстојните натпревари

Cr1t

Откако му дозволија на тимскиот лидер Акбар „SoNNeikO“ Бутаев да си оди од нивниот тим, NiP сега објавија дека играчот на „Evil Geniuses“, Андреас Франк „Cr1t’’ Нилсен ќе игра како позајмен играч за претстојниот настан OGA Dota PIT Season 2: Europe/CIS.

Неколку недели назад видовме најава дека SoNNeikO веќе не е дел од составот на NiP, но без турнири во последно време за тимот, ова не предизвикуваше проблеми за тимот бидејќи тие имаа време да најдат соодветна замена. OGA Dota PIT Season 2: Europe/CIS сега брзо се приближува, а NiP е еден од осумте вклучени тимови.

На списокот на NiP за овој турнер се претставени Чарли „CharlieDota“ Арат, Андреј „Supream^“ Штарна, Џонас „SabeRLight-“Волек, Адриан „Era“ Криезиу и Cr1t- како позајмен играч.
Додека екипата се натпреварува, организацијата ќе продолжи да ги разгледува играчите со надеж дека ќе успее да го комплетира тимот пред да започне Омега лигата во август.

Изјавата на Џонас Гундарсен за тимот на Ninjas in Pyjamas:

„Ние веруваме во повеќе рамна структура и затоа избравме да направиме некои промени. Со доаѓањето на Омега лига и соработката што ја инициравме со другите тимови, гледаме во многу светла иднина за NiP. Затоа, ќе одвоиме време да го најдеме совршениот 5-ти додека продолжуваме да ја развиваме нашата насока “.

Ова би можело да биде добро искуство за Cr1t- со оглед на тоа што EG ќе се натпреварува во регионот на ЕУ за Омега лигата против NiP, OG и неколку други екипи кои исто така се натпреваруваат во Dota PIT сезона два, која започнува на 27 јули.