nitr0 потпиша за 100 Thieves како лидер на нивниот тим во Valorant

nitrO

100 Thieves извршија комплетна промена на нивниот тим во Valorant, бидејќи ослободија четворица од петте членови на составот. Само Спенсер „Hiko“ Мартин останува и на него ќе му се приклучи Ник „nitrО“ Канела.

Ова значи дека Диандре „YaBoiDre“ Бонд, Алфред „Pride“ Чои, Захари „Venerated“ Роуч и Кин „Valliate“ Алонсо се повторно слободни играчи. Поранешните играчи на имаа релативно краток престој со организацијата и за жал излегоа уште во групната фаза од последните две натпреварувања што доведе до овој потег.

Додавањето на nitr0 во тимот доаѓа наскоро откако се појавија шпекулации за неговиот премин во Valoranot. Со плата од некаде помеѓу 250,000 и 350,000 американски долари, во извештајот се наведува дека не биле само 100 Thieves што го нуделе најдобриот финансиски пакет, туку и дополнителни работи што другите организации не мoжеле да ги понудат, како што е слободата за промена на тимот.

nitr0 ќе се обедини со Hiko кој беше потпишан како прв член и капетан на тимот. Двајцата играа заедно од 2015-2017 година за Team Liquid.

За време на неговото време со Liquid во 2019 година, северноамериканскиот тим ја заработи титулата број  во светот и за само 63 дена заработи победа на Intel Grand Slam во Сезона 2. nitr0 помина вкупно 5 години со организацијата.