Нов гејмплеј трјелер и еден куп нови материјали за Cyberpunk 2077

Cyberpunk 2077

Последната епизода од Night City Wire ни донесе уште гејмплеј од Cyberpunk 2077, презентација за ликот Johnny Silverhand и дел од музиката која ќе ја слушаме во играта.

Овој пат нема дилеми – Cyberpunk 2077 е подготвен и повеќе нема одложуваања. CD Projekt RED ја емитуваше последната епизода од својот Night City Wire, открија дека некои веќе ја играат играта и го лансираа досега најисцрпниот преглед на сето она што ќе можеме да го правиме во играта.

Прво и основно, фокусот е ставен на главната ѕвезда – Киану Ривс во улогата на Johnny Silverhand, ликот со кој протагонистот V ќе ја дели својата свест. Киану вели дека искуството од снимањето на глумата за Cyberpunk 2077 било извонредно и дека ниту една друга игра не изгледа како Cyberpunk 2077.

Исто така се зборуваше и за музиката која е снимена за играта, се споменува преку седум часа материјали од различни автори и изведувачи. На крајот од финалната епизода добивме и детален преглед на гејмплејот со некои нови кадри и рекапитулација на познати факти.

Остануваат уште 20 дена до излегувањето на играта, веројатно ќе успееме да се стрпиме до тогаш. Во меѓувреме, имаме доста материјал за да ги задоволиме нашите Cуberpunk 2077 потреби.