Нов гејмплеј трејлер – Rogue класата се враќа во Diablo 4

Rogue

Освен големите најави за Diablo 2 ремастерот, BlizzConline 2021 донесе и нов трејлер за Diablo 4. Новиот трејлер ја претстави Rogue класата и открива што истата всушност ќе ни донесе. Благодарение на новите технологии, Rogue класата ќе биде побрза и помобилна отколку што беше во првиот Diablo.

Очекувано, станува збор за класа која особено ќе им се допадне на оние кои сакаат микс на борба од близина и од далечина. Играјќи со оваа класа, подеднакво ќе можеме да се служиме со ладно оружје и да се бориме гради во гради со помош на разорни комбо напади, но исто така да користиме и голем број range напади со смртоносни отрови или shadow магија.

Diablo 4 во моментов е во развој за PS4, Xbox One и PC, но речиси сигурно ќе го видиме и на PS5, односно Xbox Series S/X конзолите. Од Blizzard повторно не откриваат било какви поконкретни информации околу датумот на излегување на овој иден хит, што веројатно значи дека нема да го видиме во брзо време.