Нов „лик“ го откри точниот датум на излегување на новиот Xbox

Xbox

Microsoft официјално потврди дека нивната Xbox Series X конзола ќе се појави во продажба во текот на ноември. Меѓутоа, во таа прилика не е прецизиран точниот датум на излегување на конзолата, како и нејзината цена. Но, сега благодарение на еден „лик“, сепак го дознавме потенцијалниот датум за лансирање на next-gen конзолата.

Имено, неодамна „ликнатите“ next-gen контролери за Xbox кои неофицијално потврдија и дека ќе постои Xbox Series S конзола, повторно се главните виновници за „протекување“ на информации, со оглед на тоа дека продавачите со истите добија и стриктни насоки дека не смеат да ги продаваат, ниту отвараат до 6 ноември.

Токму поради тоа, многумина сметаат дека наведениот датум воедно претставува и датумот на лансирање на Xbоx Series X конзолата. Microsoft, секако, се уште нема реагирано по повод овој „лик“, но најновите шпекулации тврдат дека во идните триесетина дена ќе дознаеме уште неколку информации за конзолата, а меѓу тие информации секако би требало да се најдат и официјалниот датум на излегување и цената на next-gen конзолата.