Уште една потврда дека наскоро пристигнува GTA: The Trilogy Remaster

GTA: The Trilogy

По минатомесечните шпекулации околу пристигнувањето на ремастер колекцијата на GTA насловите за PlayStation 2, сега добивме и вест за рејтингот на истата колекција во Кореа.

Како што е познато, рејтингот кој се доделува во разни држави знае да предизвика предвремено укажување на некои игри кои се во план и ретко кога тоа се дезинформации, па вреди секако да се земе предвид дека за корејскиот пазар се подготвува bundle под името GTA: The Trilogy – The Definitive Edition.

Во описот се наведува дека колекцијата ги содржи Grand Theft Auto III, Grand Theft Auto: Vice City и Grand Theft Auto: San Andreas и дека ќе бидат достапни за PlayStation 4 и PlayStation 5.

Претходните гласини наведуваа дека ремастерите ќе бидат правени во Unreal Engine и дека ќе бидат мешавина на новата и старата графика од игрите. Некои наведуваат дека колекцијата би можела да се најде на пазарот веќе во ноември годинава, а некои дека пристигнува дури следната година. Од Rockstar се уште молчат.