Нови детали за Call of Duty: Vanguard, ќе има две бета тестирања

Call of Duty: Vanguard

Исто како и во претходните години, првата прилика за испробување на следниот Call of Duty: Vanguard ќе ја имаат играчите на PlayStation конзолите. Тестирањето на алфа верзијата ќе се одржи на PlayStation 4 и 5 веќе следниот викенд, почнувајќи од петок 27 август во 19 часот и ќе трае до недела 29 август во 19 часот. Preload-от е веќе достапен, а тестирањето ќе биде отворено за сите заинтересирани.

Во првото тестирање на Vanguard ќе може да се заигра новиот мултиплеер мод наречен Champion Hill. Овој мод е своевиден наследник на Gunfight од Modern Warfare. Модот има турнирски формат, учествуваат тимови од двајца или тројца, а модот става акцент на тактиката и стратегијата.

 

 

Две бета тестирања во септември

Но, иако Call of Duty: Vanguard алфа тестирањето е најавено за престојниот викенд и во истото ќе можат да учествуваат само PlayStation играчите, останатите играчи нема да мораат да чекаат долго за да ја испробаат споменатата игра. Имено, веќе за првата половина на септември се најавени дури две бети. Сето ова пристигна и со најавата за големото откривање на мултиплеерот кое е предвидено за 7 септември.

Првото бета тестирање е најавено за периодот од 10 до 13 јуни. Во истото ќе можат да учествуваат сите PlayStation играчи. Потоа, од 16 до 17 јуни ќе се одржи „early access“ бета за Xbox и PC (Battle.net) играчите, додека во текот на истиот период на PlayStation конзолите ќе биде достапна отворената бета. На крајот, големата отворена бета која ќе им биде достапна на сите е планирана за периодот од 18 до 20 септември.