Објавени нови детали за петтата сезона во Black Ops Cold War и Warzone

Call of Duty: Black Ops Cold War и Warzone Season 5

Call of Duty: Black Ops Cold War и Warzone се подготвуваат за пристигнувањето и лансирањето на петтата сезона, а со тоа и голема количина на нова содржина. Activision најави нови мапи за Black Ops Cold War, нов Battle Pass за двата наслови, како и нови оружја. Сето ова е претставено во новиот трејлер.

Call of Duty: Warzone за PlayStation 5 и Xbox Series X исто така е се поблиску, тврдат разни извори. На социјалните мрежи се појавија информации дека Season 5 печот, кој излегува на 12 август исто така ќе содржи важни досиеја поврзани за next-gen лансирањето. Барем така тврди еден од датаминерите кои токму податоците за next-gen лансирањето го најде меѓу податоците поврзани за петтата сезона. Activision, сепак, не го потврди доаѓањето на новите верзии на играта.