Новиот Call of Duty: Warzone patch пристигна

Call of Duty: Warzone patch

Најновиот Call of Duty: Warzone patch ги нрфна  најпопуларните оружја во играта


 

Најновиот Call of Duty: Warzone patch е овде и заедно со вообичаените баланс промени, тој донесе и нрфови на најдобрите оружја во играта. Покрај стандардните промени и апдејти, овој patch ги нрфна Grau 5.56 и MP5, а донесе и мечови со 200 играчи во батл ројалот.

Grau 5.56 и MP5

Во последните неколку месеци, Grau 5.56 и MP5 беа неспорни кралеви во Warzone. Двете оружја кои играчите често ги носеа заедно беа смртоносно дуо, поради зачудувачкиот голем реинџ, големиот fire-rate и демиџ.

По пачот, двете оружја имаат намален реинџ, правејќи ги многу помалце ефективни на големи дистанци. Додека овие две оружја најверојатно ќе останат во употреба и после промените, играчите ќе бидат во трка за наоѓање на следното ОП батл ројале комбо.

Заедницата веќе почна да „жали“ поради промените, а на Reddit ќе видите еден тон мемиња посветени на „смртта“ на Grau.

Quads 200

Што се однесува на другите промени, новиот Call of Duty: Warzone patch ни донесе нов мод кој се вика Quads 200. Како што кажува самото име, во овој мод 200 играчи заедно можат да скокнат во Verdansk наместо вообичаените 150. Со овој апдејт исто така ќе видите и нови оружја како Gulag кои се полу-автоматски, нови снајпери, и еден лоудаут кои ве испраќа само со еден фрлачки нож и голи раце.

За целокупните детални промени во овој нов patch, кликнете овде.