Новиот eFootball не е баш бесплатен, Konami ги покажа микротрансакциите

eFootball 2022

Новата eFootball 2022 која пристигнува на местото на досегашниот PES ќе биде free-to-play игра, но тоа не значи дека ќе биде целосно бесплатна за играње, бидејќи Konami ќе го надомести сето тоа со продажба на Premium пакети со фудбалери.

Во Xbox и PlayStation продавниците веќе се појави првиот пример на микротрансакциската содржина за eFootball 2022. Таканаречениот Premium Player Pack чини 40 евра и го носи следново:

– 2.800 eFootball coins (премиум in-game валута)
– 6 врвни фудбалери за главниот мод на играта, кои се добиваат со рандом избор меѓу 16 eFootball амбасадори (Меси, Нејмар, Рашфорд, Ансу Фати, итн…) + 2 дополнителни фудбалери од истата категорија за pre-order Premium Pack.

Ова значи дека можете да платите веднаш да си добиете добри фудбалери за својот тим – но, максимално можете да добиете 8 играчи – сепак тоа не е цел тим. Вистина, но Premium Player Pack може да се купи неограничен број пати. И гарантирано ви е дека ќе ги добиете сите 16 топ фудбалери бидејќи нема дупликати додека не ги соберете сите 16.

Додуша, постои финта – Premium Player Pack не можете да го искористите пред средината на ноември – со тоа што до тогаш и онака нема да го има модот во кој би играле со фудбалерите кои ќе ги добиете, па веројатно тоа е и причината.

Во Konami исто така нагласуваат дека Premium пакетите ќе важат за една сезона.