Новиот трејлер за Apex Legends ја открива новата легенда Rampart

Rampart

Трејлерот за шестата сезона на Apex Legends е објавен. Истиот делува навистина прекрасно, а во него се зборува за промените кои ќе се случат во играта од 18 август. Шестата сезона на Apex Legends е пред вратите, а сега е објавен и првиот нов лик за истата, наречен Rampart, за кој постоеја и претходни тизер најави.

Модерката Rampart е најновиот додаток во играта, а какви се способности носи со себе, можете да видите во трејлерот. Покрај новиот лик, шестата сезона на Apex Legends носи и нов crafting состав за напредување на кого исто така му е посветено одредено време во новиот трејлер. Доколку го прочитате официјалниот блог пост ќе дознаете многу повеќе детали, а треба да се напомене и новото оружје кое пристигнува, наречено Volt.

Како и да е, засега нема премногу детали за новата легенда, но за истата велат дека е „експерен модер“ што веројатно значи дека има некаква врска со споменатиот crafting состав. Трејлерот сугерира и дека ќе имаме некакви промени на мапата, со оглед на тоа дека огромна ракета е видлива како се пробива низ облаците во воведните кадри.

Но, дури и да не играте Apex Legends, или пак не сте фан на играта, видеото вреди да се погледне, бидејќи трејлерите им се толку фино анимирани што дефинитивно нема да зажалите ако му обрнете внимание.