Ново gameplay видео за Cyberpunk 2077

Cyberpunk

На нашиот сајт имавте можност претходно да го видите новиот трејлер, како и едно gameplay видео за престојниот Cyberpunk 2077, а сега ви носиме уште едно ново видео во кое ќе можете да уживате, без да чуете никаков коментар, освен она што се случува во самата игра.

CD Projekt RED демонстрираше пократка монтажа од прологот на Cyberpunk, а некои среќници добија можност да ја играат играта на четири часа. Иако и тој трејлер прикажуваше делници од gameplay-от, секогаш е многу подобро кога тоа ќе се види во еден континуиран формат, а со мало пребарување на интернет, дојдовме до такво нешто. Во ова видео од 19 минути ќе може да го видите вистинскиот gameplay за PC верзијата во 4К резолуција. За жал, не е снимено креирањето на ликовите, што според најавите, ќе биде дефинитивно приказна за себе.

Инаку, треба да се напомене дека ова е целосното gameplay видео од прегледот на играта и е целосното видео кое CD Projekt RED го испрати до голем број новинари. Ова видео со сигурност ќе ви се допадне, но треба да се има предвид дека содржи некои секвенци кои веќе се најдоа во претходните видеа.