Новото гејмплеј видео покажува како ќе изгледа NBA 2K21 на next-gen конзолите

Откако претходно се појави трејлерот за NBA 2K21 за next-gen изданието, на ред дојде и чистиот гејмплеј приказ за тоа како ќе изгледа графиката на next-gen конзолите.

Конечно пристигнува демонстрација во четириминутно видео кое прикажува next-gen гејмплен во верзијата за PlayStation 5 на NBA 2K21. Она што привлекува внимание уште на самиот старт е вчитувањето на играта, кое само трае само три секунди пред секој меч. Како и да е, кога мечот ќе започне добиваме и нова камера која е пониско и поблиску до самиот терен, а исто така можеме да чуеме и нов коментаторски пар кој е ексклузивен за PlayStation 5 и Xbox Series конзолите.

Самиот гејмплеј е импресивен бидејќи се сведува на 4К резолуција и 60 fps, но исто така е и видливо дека конзолите немаат доволно сила за одржување на 60 fps во повторените снимки кои се изведуваат во 30 fps.

Се на се, да не должиме многу, погледнете го видеото. Ние сме воодушевени, а вие?