Објавен гејмплеј трејлерот за десеттата сезона на Apex Legends

Apex Legends Emergence десетта сезона

Respawn Entertainment е подготвен за излегувањето на десеттата сезона на нивниот хит Apex Legends. По тој повод е објавен нов гејмплеј трејлер во кој се објавени сите новитети кои ќе пристигнат.

Од 3 август во Apex Legends започнува десеттата сезона која го носи називот Emergence. Како и обично, пристигнува нов игрив лиг, ќе се појави ново оружје, се менува мапата, но има и неколку други нови работи. Сепак, да тргнеме со ред.

Новата легенда се вика Seer. Тој со својата пасивна способност наречена Heartseeker ќе може да ги визуелизира противниците на мапата преку нивните отчукувања на срцата преку оружјето. Тактичка вештина му е испраќање на микро-дронови кои на осум секунди можат да го оневозможат противникот да изведе акција, а служат и за прикажување на енергијата на противникот на целиот тим. Ултимативната способност на Seer е лансирање на сфера која на сите им ја открива позицијата на противниците кои се движат брзо или пукаат внатре во неа.

Новата сезона носи и ново оружје. Rampage LMG е машина со побавно испукување, но може да се наполни со thermite граната, па по активацијата пука значително побрзо.

Во оваа сезона значителни промени ќе добие и мапата World’s Edge на која локациите Sorting Factory, Refinery и Train Yard ќе бидат заменети со нови, а додадени се и некои нови методи за движење по мапата.

Ни остануваат уште само неколку дена до официјалното лансирање на новата сезона во Apex Legends, по што сите заендо ќе можеме да уживаме во Emergence, новиот лик Seer и сите останати новини кои пристигнуваат со десеттата сезона.