Објавен првиот тизер трејлер за Spider-Man: No Way Home

No Way Home

Sony и Marvel го објавија официјалниот тизер трејлер за престојниот филм Spider-Man: No Way Home и го потврдија враќањето на актерите и ликовите од претходните филмови за „човекот-пајак“.

Откако вчера „протече“ првиот трејлер за престојниот филм Spider-Man: No Way Home, го дочекавме и официјалното видео кое е не е во очајна резолуција. Во видеото е откриен заплетот на филмот во кој Peter Parker ќе побара помош од Dr. Strange со цел да го поништи откривањето на својот идентитет. Но, таа постапка го води кон отворање на „мултиверзум“ од каде ќе излезат повеќе инстанци од реалноста на Spider-Man.

Така, во видеото можеме да го видиме враќањето на Алфред Молина во улогата на Doctor Octopus, а по гласот можеме да го препознаеме и Вилем Дефо во улогата на Green Goblin. Исто така се очекува и враќање на Џејми Фокс во улогата на Electro. Единствено што овој трејлер не го потврди се „камео улогите“ на актерите кои претходно го толкуваа Spider-Man.

Најновиот филм во познатата франшиза излегува на 17 декември оваа година.