📸 Објавена првата фотографија за The Last of Us ТВ серијата

The Last of Us

Во рамките на прославата на The Last of Us Day, Naughty Dog ја сподели првата официјална фотографија од престојната ТВ серија со фановите на оваа франшиза.

Иако за време на самиот настан Naughty Dog ги остави фановите на франшизата разочарани поради тоа што им сервираше еден куп „мерч“ кој и онака не е достапен во повеќето земји, а за мултиплеер експанзијата не споделија никакви детали освен дека работат на истата. Но, затоа HBO, во чија продукција е серијата, сподели нешто поконкретно, а тоа е кадар од престојната ТВ серија The Last of Us.

Во кадарот можат да се забележи главниот двоец од серијата, Ellie и Joel, како гледаат кон рушевини од срушен авион на еден рид.

Воодушевеноста од автентичноста на Joel и Ellie во изведба на Педро Пасквал и Бела Ремси не ја криеше ниту самиот режисер на играта, Нил Дракман, кој преку Twitter уште еднаш вети дека не очекува врвна серија која ќе ги „збудали“ фановите.

Првата сезона од серијата The Last of Us во моментов се снима во Канада, а во план е да се заврши до средината на 2022 година. Датумот на премиерата се уште не е објавен.