Од Konami објавија детали за PES 2021 апдејтот и иднината на серијалот

Konami

Менаџерот од Konami за PES брендот во Европа, Ленарт Бобзин, направи интервју со порталот Eurogamer, а меѓу другото тој откри неколку претходно непознати детали поврзани со самата игра. И покрај тоа што упорно одбиваше да коментира на повеќето работи, тој сепак потврди неколку детали.

Имено, тој истакна дека по излегувањето на играта нема да има никакви гејмплеј новитети во PES 2021, кој како што е познато ќе биде само Season Update, а не нова игра, односно дека ќе гејмплејот ќе биде идентичен како во PES 2020. Сепак, не е исклучено во иднина МОЖЕБИ да доживее некои ситни промени.

Исто така, за PES 2021 дополнително ќе излегуваат нови Data Pack-ови, а за MyClub и Euro 2021 ќе излегуваат временски ограничени предизвици и задачи. Важно е да се напомене и дека нема да постои верзија на PES 2021 за Nintendo Switch.

Од друга страна, од Konami се уште не можат да потврдат дали PES 2021 за PS4 ќе работи и на PS5. Имено, во тек се тестирања, но Sony е тој кој мора јасно и јавно да излезе со информации за тоа кои PS4 игри ќе бидат поддржани на PlayStation 5.

Ексклузивните лиценци му помагаат на PES

Бобзин исто така наведе дека PES серијалот расте од година во година и наведува дека за таа цел и тоа како им помогнале ексклузивните лиценци за Јувентус, Манчестер Јунајтед и Арсенал. Најголемиот скок во борјот на играчи минатата година е остварен на италијанскиот пазар, веројатно токму поради Јувентус, кој е најпопуларен клуб во Италија. Кога станува збор за британскиот пазар, за каде Konami ги има ексклузивните лиценци за Манчестер Јунајтед и Арсенал, од Konami признаваат дека FIFA доминира.

Интересно, се постави прашањето дали PES, исто како и FIFA, ќе ги игнорира последиците кои вирусот Covid-19 ги остави во светот на фудбалот. Одговорот е – да, барем оваа година. Со други зборови, PES 2021 нема да има празни стадиони, односно натпреварите нема да се играат без публика, како што е сега случајот во реалноста. Кога станува збор за иднината, за тоа ќе се размислува – во иднина.