Од утре ќе можете да ја испробате FIFA 22, но нема да биде бесплатно

FIFA 22

Традицијата на FIFA серијалот е секое ново издание да добие своја демо верзија во пресрет на излегувањето на самата игра. Тоа се промени минатата година кога FIFA 21 стана првата игра во серијалот по подолго време која немаше своја демо верзија. Од Electronic Arts тогаш образложија дека екипата има работа на дополнителните верзии на FIFA за PlayStation 5 и Xbox Series конзолите, а и пандемијата ги забави, па за демо верзија веројатно немаа време.

FIFA 21 и без демо верзијата беше меѓу најпродаваните игри во 2020 година, па во EA веројатно заклучија дека демо верзија не им ни треба. Испробувањето на играта пред излегувањето и онака веќе го нудат – во рамките на својата претплатничка услуга EA Play.

Оваа година за демо верзијата на FIFA 22 не слушнавме ништо и сега е прилично извесно дека веројатно нема ни да ја има. Имено, FIFA 22 ќе биде лансирана утре (22 септември) во рамките на претплатата на EA Play. Единствениот начин да ја заиграте десет дена пред официјалното лансирање е да се претплатите на EA Play. Ако направите нарачка на играта, можете да ја заиграте четири дена пред официјалното лансирање, односно од 27 септември. Испробувањето на играта е ограничено на 10 часа.

На некој начин може да се каже дека за испробување на играта се наплаќа 4 евра. Звучи чудно, по малку и грозно, но утехата е во тоа што испробувањето на играта преку EA Play претплатата носи значително повеќе содржина од демо верзијата. Практично на располагање е целата игра, што вклучува синглплеер и мултиплеер модови. Сепак, малку е тажно што демо верзијата на ваков начин заминува во историјата.